Олд Бојс – Јени Мале 0:0
Во рамките на 16. коло на општинската фудбалска лига на Битола, екипата на Јени Маале играше на гостински терен со екипата на Олд Бојс. Двете градски екипи го оправдаа епитетот дерби на колото, како со прикажаната игра, така и со самиот пристап кон натпреварот.
Она што треба да биде издвоено е дека самиот натпревар го одбележаа неколку спорни судиски одлуки кои имаа директно влијание на резултатот на самиот натпревар.
-При резултат 0:0 во првото полувреме после очигледно играње со рака на играч од домашната екипа на Олд Бојс, главниот судија Влатко Митревски не досуди пенал за гостинската екипа на Јени Маале. Десетина минути по започнувањето на второто полувреме подоцна играчот на Јени Маале, Александар Митревски после една добро изработена акција постигна гол, кој беше поништен после реакцијата на помошниот судија, заради офсајд, посочуваат од Јени Мале.
Во текот на натреварот двете екипи имаа и други свои шанси за постигнување на победнички гол, но резултатот остана непроменет, односно 0:0.
Со ваквиот развој на настаните Јени Маале останува на второто место на табелата со 3 бодови повеќе од Олд Бојс на две кола до крајот на превенството.
На самиот натпревар играчот со број 2 на Јени Маале, Антонио Бошевски заработи тешка повреда после еден старт на средината на теренот. После укажаната медицинска помош во битолската клиничка болница истиот е пуштен на домашно лекување.