Press "Enter" to skip to content

За Нед До од светското во Сер, Грција во Битола се враќа со пет златни медали

На светскиот шампионат на Светската Федерација за боречки Вештини (WFMA) во Сер – Грција учество зеде Академијата за боречки вештини и спортови За Нет До –Златко Неделковски со  4 натпреварувачи кои освоија 8 медали и светски титули во конкуренција од над 3.000 натпреварувачи.

Давид Јошевски – 13 години ; категорија -58 кг  – освои златен и сребрен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 13 години; Бобан Гарабиљевиќ – 14 години – категорија -60 кг, со освоени златен и сребрен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 14 години; Илче Филкоски – 17 години во категорија -50 кг со освоени златен и бронзен медал во дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти до 17 години и  Мартин Колоски – 20 години ; категорија -70 кг со освоени две златни медали во
дисциплините Лајт контакт и Лоу кик за спортисти над 20 години.

Пред почетокот на Светскиот Шампионат Претседателот на WFMA господинот Томас Смиарис оддаде почит на големиот учител на боречките вештини и спортови Златко Неделковски кој почина 2020 година а кој беше еден од основачите и на оваа Светска федерација.