Комесарот на натпревари, при Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, денес ги одреди казните на двата клуба заради прекинот на натреварот Гостивар од Гостивар и Пелистер од Битола, кој се одигра вчера вечер во Гостивар.
Со најголема парична казна е казнет кошаркарот на Пелистер од Битола, Бојан Стајиќ, поради фрлаље на предмет кон публиката, со 32.ооо денари и неиграње на два натпревари во 9. и 10 коло, со исто толку пари 32.000 денари е казнет и кошаркарот Најдовски.
Тренерот на Пелистер од Битола, Марјан Илиевски, поради неспортски однос кон публиката и туркање на клупата со заштитна ограда со парична казна 24.000 денари и забрана за вршење на должност, водење на тимот на еден натпревар во 9. коло.Играчот на Пелистер, Малешевиќ, поради неспорски однос, провокација на публиката со пцости и навреди, провокација на публиката за да фрла предмети во теренот, се казнува со 15.000 денари.
Поради напуштање на клупата со по 5.000 денари се казнуваат играчите: Ѓуровски, Пајиќ, Најдовски, Хаугтон, Трајковски и Крстајиќ.
Со по 5.000 денари се казнуваат помошникот тренер Дејан Илиевски, техничкиот раководител Димитар Богоевски, службениот претставник Мартин Јовановски и физиотерапевтот Јован Боглев.
КК Пелистер има право на жалба со Арбитражната комисија на КФМ во рок од 24 часа, од приемот на Одлуката.Гостивар е казнет со вкупно 165.000 денари и два натпревари без публика, физиотеарапевтот со 2 натпревари казна, тренерот со 1 натпревар.