Возачите на автомобили кои утрово без на улиците низ центарот на Битола го забавија своето движење бидејќи на терен беа екипи на ЈКП “Нискоградба“ од Битола на коловозот го имаа поставени знаци за заобиколување.
Екипи на “Нискоградба“, пет или шест, уште од 7 часот, ги чистеа шахтите на улиците “Столарска“ кај Безистенот, а ги имаше и низ “Филип Втори Македонски“ кај “Јавор“, сигурно ќе продолжат и на други места.