Press "Enter" to skip to content

“Комуналец“ во соработка со “Водовод“ го миеја Широк Сокак, ќе продолжи и понатаму (фото)

Јавното претријатие од Битола “Комуналец“ од Битола, покрај редовното миење на улиците, пешачките патеки во парковите, како и троатоарите на улиците, во соработка со ЈП “Водовод“ од Битола, започна со миење и на Широк сокак.Резултатот ќе биде во насока на намалување на загадувањето на воздухот, почисти улици со помалку прашина, улиците ќе изгледаат поубаво, онака како што доликува за нашиот град Битола.Генералното чистење ќе се одвива и понатаму по Програмата за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чист град и здрава животна средина.

More from ВестиMore posts in Вести »