На покана на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска со членови на советот на општинитe Битола и Новаци и жители од двете општини беа во еднодневна студиската посета на санитарната депонија “EPADYM S.A.“, Еордеа, Грција во близина на Птолемаида и Кожани.Во посетата беа и заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски, директорката на ЈП “Комуналец“ од Битола, Гордана Наумовска, советници од Советот на Општина Битола, градоначаникот на Новаци, Стевче Стевановски…
Од страна на одговотните лица на оваа комшанија, санитарна депинија, гостите оф Битола и Новаци беа запознати со времето и вредноста на изградбата на оваа супер модерна депонија, за бројот на вработени, за начинот на кој функционира, за изборот на локацијата каде е изградена, за продобивките од неа, како и за цената на комуналниѕе услуги во овој регион на Грција.
-Регионалната депонија во близина на Кожани опслужува 4 префектури и 10 општини во овој дел на Грција. Од отпадот кој се собира 68% се рециклира а додека 32% се одлага на изградената депонија, рекоа одговорните, а за тоа како се собира отпадот од околните градови за да дојде до депонијата рекоа:
-За потребите на депонијата се изградени и 10 претоварни станици кои го собираат отпадот од општините а потоа го транспортираат до регионалната депонија во Кожани.
Посетата на депонијата се реализира во рамките на проектот: „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ финансиран од Шведската агенција за развој SIDA а спроведен од Шведската асоцијација на општини и региони SALAR.
Целта на посетата е да се запознаат граѓаните на Општините Битола и Новаци со функционирањето на еден ефикасен систем за регионално управување со отпад како и да им се даде можност за разговор на оваа тема со експерти од областа на менаџирањето со отпадот и рециклирањето. Преку учество на вакви слични студиски посети ќе се овозможи зголемување на знаењето и разбирањето за важноста од постоење на сеопфатен и ефикасен регионален систем за управување со отпад.
По излагањето на одговорните лица од санитарната депонија во салата специјализира за презентации, се изврши обиколка на целиот простор, каде беше прикажано како сето тоа изгледа практично на терен.
Прибирањето отпад, селекцијата, подготовката на нови депонии, затрупување на стари депонии, филтрите за течност и гас, помошните сервиси како механичарски работилници и бензински пумпи, се прави на начин на кој во целост се штити околината.

Советници од Битола и Новаци и граѓани беа во посета на санитарната депонија “EPADYM S.A.“ кај Птолемаида-Кожани во Грција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)
- “Мобилност Македонија“ во Битола го одбележа 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност (фотогалерија)
- Форумот на жени на СДСМ Битола дел од кампањата “16 дена активизам…“ под мотото “Сакам СЛОБОДНО да се движам“
- Се асфалтита дел од улица “Солунска“