Еуро Никел – Пелистер 94:70
Кошаркарите на Пелистер од Битола во 9. коло од плеј-офот на Супер кошаркарската лига по поразот во Кавадарци го изгубија првото место и во завршницата доколку стигнат во финалната пресметак нема да имаат натревар повеќе на домашен терен во Битола. Во првото разигрување за титула ќе имаат како противник оваа екипа.
Вечерва се поразени од екипата на Еуро Никел со резултат 94:70, на овој натпревар играа без казнетите, тренерот Илиевски и кошаркарот Стајиќ, а ова е прв пораз на Пелистер од оваа екипа, оваа сезона.
Првата четвртина беше израмнета, заврши со резултат 20:20, а Пелистер имаше +3, но кавадарчани израмија со тројка. Втората четвртина ја “добија“ домаќините со 30:25, а така на одмор се отиде со 50:45, а во текот на целио втор период “пелистерци“ бркаа негатива.
По одморот следуваше третата четвртина која и го реши натпреварот, Еуро Никел направи добра разлика, и за 10 мунути игра постигна 31 поен, а Пелистер само 12. На крај од третиот квартал беше 81:57, односно +24 за домаќините. Во последната четвртина се одржуваше разликата за домашните од околу дваесетина кошеви со неефикасна игра, а Пелистер не најде сили за нешто повеќе од пораз, со конечни 94:70.
Кај екипата на Пелистер најефикасен беше Кесар со 20 поени.