Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.167 теста, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 4.
Регистрирани се 87 оздравени пациенти од Битола се 8.
До сега во Битола има 15.591 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 71 случај.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 50 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 36 и преку “Плодност“ 14.
Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 541.