Јанта Волеј Форца – Пелистер Волеј 0:3
(18:25; 23:25; 21:25)
Најмалата екипа, пионерската, на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј во Битола го донесе 11 – ти фајнл фор, единаесетти пат во битка за шампионска титула или за еден од медалите, предводена од тренерите Владимир Трифуновски и Тамара Жабјановска.
После успехот на младинките кои оваа сезона станаа вицешампионки на Македонија (со единствениот пораз токму во финалето 2:3) најмладата екипа испиша ново поглавје со победата од 3:0 во гости (претходно исто така во Битола беше 3:0), запиша нов историски успех и се пласира на завршниот турнир во оваа категорија.
За новиот Ф4 од клубот велат:
-Што да се кажи, солзи радосници и исполнети срца. Успехот на најмалите секогаш е најголем за иднината на еден клуб. Тоа има посебна тежина, затоа што со секоја нова генерација секој клуб си ја продолжува зацртаната цел и долгорочно можи да смета на својата иднина, а Пелистер Волеј тоа го прави успешно еве веќе цела една деценија. Секогаш по големите успеси растат апетитите и се поместуваат границите. Денес генерацијата 2008 по кој знае кој пат ги помести границите на нашиот клуб, а амбициите ги издигна на уште повисоко ниво.