Press "Enter" to skip to content

Лазаров на Медитеранските игри во Алжир ќе “носи“ шест ракометари од двете екипи од Битола

Ракометната репрезентацијата на Македонија во јуни и јули ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир, во градот Оран, за кои селекторот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на повикани  ракометари, а межи нив има ракометари од Битола.

Според списокот на репрезентативците Лазаров ќе им даде шанса на млади ракометари кои се потенцијални репрезентативци, а меѓу нив има шест мина од двете екипа на Еурофарм Пелистер од Битола.

На списокот на селекторот се голманот Марко Кизиќ и десното крило Ненад Костески од Еурофарм Пелистер, додека од Еурофарм Пелистер 2 се: левите крила Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски, леви бекови Павле Атанасијевиќ и Емилијан Ѓорговски.

More from ВестиMore posts in Вести »