На 19.05.2022 во 20 часот, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода 36 годишно лице од село Неготино, гостиварско. Тој бил баран по наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по чл.215 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната.
На 19.05.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 15 санкции се изречени на територија на Битола, 11 на територија на Прилеп и 3 во Ресен. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.