Press "Enter" to skip to content

Во болницата “Плодност“ извршени четири ендоскопски операции во еден ден

 

Во текот на еден ден се извршени две лапароскопски и две хистероскопски операции. Иако нивното изведување е секојдневие кај нас, значаен момент е што се проширува кругот на доктори – оператори.

Под асистенција на д-р Христијан Трпчевски, д-р Сотир Николовски направи тотална лапароскопска хистеректомија, односно комплетно вадење на матка и јајници. На втората операција, д-р Христијан Трпчевски направи тотална лапароскопска хистеректомија кај жена со телесна маса од 120 кг, за само 30 минути. Истиот ден беа направени уште две хистероскопски операции, кои опфатија хистероскопија на голема преграда на матка и полип на шуплина на матка.

-Полека ја напуштаме класичната операција за доброто на пациентите, кои имаат се помалку време за хоспитализација. Со ваквите операции, пациентите остануваат од неколку часа, до максимални два дена хоспитализација, со многу брзо опоравување. Нашата цел е сите колеги да ја совладаат оваа техника, која што е светски оперативен тек, а во нашата болница се практикува многу често, рече д-р Христијан Трпчевски.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »