Press "Enter" to skip to content

Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 27:30 (10:15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500

Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Ристески, Петковски, Буторац 1, Павле Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 2, Николовски, Димитроски 2, Талевски, Стоилевски 1, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 1, Белистојановски 3, Ѓукиќ 3, Арсеновски 7

Седмерци: 3/2, исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 5, Маркоски 2, Ризоски, Кукуловски, Марковски, Мандалиниќ 9, Радовиќ 3, Танкоски 1, Периќ, Костески 3, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 1, Обрадовиќ 1

Седмерци: 3/2, исклучувања: 2 минутиВо градското-братско ракометно дерби во Битола екипата на Еурофарм како “гостин“ го победи “домаќинот“ Еурофарм Работник 2, а тоа беше и очекувана победа во претпоследното 9. коло од плеј-офот од Супер лигата. Екипата на “двојката“ одиграа борбен натпревар, колку што можеше, во квалитетот секако беше на другата страна, кај  поискусните “пелистерци“.Натпреварот започна со израмнета игра на двете екипи, но полека Еурофарм Пелистер ја зголемуваше предноста. Еурофарм Пелистер 2 направи неколку непотребни грешки, а така на пауза се замина со 10:15.Второто полувреме помина во борбена игра на “двојката“ но со сигурни голови на поискусните разликата не се намалуаше за некој пресврт, освен на крајот кога Еурофарм Пелистер 2 дојде до пристоен пораз од -3 гола.Мандалиниќ беше најефикасен кај победничката екипа со 9 гола, Арсеновски со 7 гола кај “двојката“.

More from ВестиMore posts in Вести »