Press "Enter" to skip to content

Пелистер со нов пораз во Битола, шампионот, МЗТ не дозволи пресврт (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 79:88

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ се поразени од екипата на МЗТ Скопје во натпревар во кој гостите од Скопје во текот на целиот натпревар имаа водство и славеше на крај со 79:88, во натревар кој ништо не одлучуваше за пласманот на табелата и кој ќе игра со повеќе домашни натревари.МЗТ Скопје го потврди лидерското место во пресрет на завршницата на шампионатот, а “пелистерци“ се на второ место.По првите две четвртини пред одморот МЗТ Скопје имаше предност од 8 поени разлика, а ништо не се промени ниту во вторите две четвртини, во кои Пелистер немаше решение, освен на стартот на последната четвртина кога се ободоа со пресинг игра да се доближат, но промашувањата од дистанца за три поени и за два го одлучија победникот на натпреварот во Битола.Во екипата на Пелистер најефикасни беа Крстајиќ и Малешевиќ кои постигнаа по 17 поени.Пелистер влез во финалето ќе брка против Еуро Никел, МЗТ Скопје ќе се сретне со тимот на ТФТ Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »