Press "Enter" to skip to content

Кугларите на Пелистер домаќини на кугларите од Ковачица, победија домаќините во пријателски натпревар (фотогалерија)

Пелистер – Славија 3.235 : 3.192

По гостувањето во, Србија во градот Ковачица, кугларите на Пелистер викендов беа домаќини на кугларите од овој град, екипата на Славија, а во кугланата во Битола се одржа пријателски натревар, во кој победници беа кугларите на Пелистер.За екипата на Пелистер настапија: Пецо Димовски, Цане Поповски, Влатко Трајчевски, Љупчо Спировски, Никола Андоновски, Арслан Арслановски, Менде Андоновски и Цане Колев. За гостинската екипа Славија настапија: Милан Чичиќ, Мирослав Хрчак, Томаш Сирома, Зоран Милосавлевиќ, Жељко Томан, Душан Проданов, Иван Милосавлевиќ и Мартин Стратушек. Екипата на Пелистер победи со резултат 3.235 наспроти 3.192 соборени дрвца.-Во знак на големо пријателство и меѓусебна почит одигравме денес пријателски натпревар со кугларите од Ковачица – Србија, кој го добивме. Сега сме 1:1 во меѓусебни дуели во последните 365 дена, што значи одиме Србија нареден пат да решиме кој ќе биде севкупен годинашен победник. Но, овој пат за нас ни беше поважно тоа што го продолживме нашео пријателство, овој пат во Битола, вели Игор Михајловски, престедател на Пелистер.Михајловски за гостинскиот клуб вели дека се расадникот за таленти во Србија, иако се мала општина во Србија,  а нивната работа е почитувана, а некои клубови како пример за развој го имаат нивниот модел. И Пелистер започна по нивниот модел, на нивната основа, вклучување на голем број на млади куглари во тренинг процес, а потоа и во натпреварувачки, каде имаат голем број на државни победници.Претседателот на Ковачица, Томаш Сирома за ова гостување рече: -Мене, а и останатите куглари не радува престојот во Битола и сме гости кај нашите другари од Пелистер. Ова е наша возвратна посета, а битолчани беа кај нас неколку пати, а ние поради короната само ја одложувавме посетата. Сега се најдовме повторно, се дружиме и играме пријателски натпревар во оваа нова куглана во Битола. Ние имаме соработка веќе три години, а првото гостување беше пред три години со девојчињата од Битола, со кои имавме и натпревар, а пријателството трае, а продолжуваме да го негуваме пријателството, доаѓаме во Битола со девојките. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »