Вчера во Битола, екиата на Пелистер ги заврши натпреаврите од втортата фаза од оваа кошаркарска сезона, а во последниот натпревар не проработи шутот на “пелистерци“ и поразот беше неминовен од МЗТ Скопје Аеродром.
Тренерот Марјан Илиевски е задоволен од сработеното во првите две фази од сезоната, а пред најважната трета фаза, во која треба да се донесе одлуката кој ќе биде шампион во оваа сезона рече:
-Сакам да им честитам на моите кошаркари, кои порано од сите други екипи се пласираа во плеј-офот. Сакавме да завршиме на врвот, бидејќи во текот на целата сезона убедливо бевме први. Реков и пред натпреварот, дека овој дуел нема резултатски значај, но за мене најголема победа овие две години е препознавањето на публиката на она што го работиме овие две сезони. Пелистер е фактор во македонската кошарка и сите имаат респектабилен однос кон ова што се работи во Битола. Имавме доминација во целиот шампионат, имавме падови во АБА2 лигата. Во секој спорт доаѓаат успони и падови и се надевам дека ова што ни се случи, период во кој имаме недостатоци, ќе го оставиме зад нас. Верувам дека в петок ќе влеземе со фокус и подготвеност за пат кон финале. Секогаш велам дека заслужуваме да играме финале, посебно после ова што го видов вечерва, и градот заслужува таков успех. Како што градот препозна и ни дава целосна поддршка, верувам дека и оние кои постојано нè критикуваат, ќе продолжат да нè критикуваат, бидејќи тоа ни дава уште повеќе мотиви во плеј-офот. Сакам да им се заблагодарам на љубителите на кошарката во Битола и „Чкембарите“ кои безрезервно ни даваат поддршка и верувам дека така ќе биде и во иднина.
В петок од 18:30 часот во “Боро Чурлевски“ се игра првиот полуфинален дуел против Еуро Никел.