Патрониот празник на основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ од Битола беше свечено одбележан со низа настани и активности во кои беа вклучени учениците од одделенска и предметна настава во централното и учениците од прво до петто од подрачното училиште село Логоварди. Директорот на најстарото училиште во Битола, Душко Костовски, по овој повод кажа:
-Мило ми е што после две години нашиот патронен празник го прославуваме на достоен начин со свечена приредба која се одржа денес 23 мај во пресрет на Денот на сесловенските просветители 24 мај. Претходните 2 години патрониот празник го одбележавме на друг начин, снимање на спот заради строгите мерки на заштита во пандемија. Денес учениците рецитира и пееја на свечена приредба во холот на училиштето пред своите соученици, наставници, стручна служба и други вработени во училиштето. Во рамки на прославата во седмицата пред патронатот беа оргазнизирани ликовен и литературен конкурс на кој учество зедоа голем број ученици, а најдобрите беа наградени на оваа свеченост. Исто така ќе биде прогласен и првенецот на генерацијата и учениците кои посебно ги пофали и награди наставничкиот совет на училиштето. За организирање на активностите по повод патрониот празник беше задолжена комисија составена од наставничките: Александра Упале, Катерина Петровска, Александра Симончевска Нечовска, Јасмина Стојановска, Катерина Пејовска и психологот Жанета Ристевска.
Александар Упале наставник по македонски јазик истакна дека голем број идеи кои беа предложени од членови на комисијата успешно се спороведоа во деновите во пред патронатот.
Учениците од 9 одделение ја изведоа претставата „Ѓаволот и трите златни влакна“ пред ученици од 1 одделение.
На свечената приредба настапија хорот, ученици од 9 одделение со рецитал за браќата Кирил и Методиј. Најмалите од 2 и 3 одделение настапија со весели детски песни на англиски јазик. Учениците од одделенска настава подготвени од своите наставнички го одбележаа Денот на сесловенските просветители со рецитации, песни и исто така твореа, цртаа, говореа за нивните патрони браќата Св. Кирил и Методиј.Учениците со наставникот по етика во религиите направија низа презентации за животот и делото на браќата Кирил и Методиј, го посетија храмот на црквата “Св. Богородица“ и се поклонија на иконата со светителите.
На свечената приредба беше награден ученикот – првенец на генерација, Душан Китановски од 9-б одделение. Учениците Матеј Мицевски, Михаела Секуловски, Анамарија Ристевска и Андреј Димовски од 9 одделение беа посебно пофалени од наставничкиот совет на училиштето за континуиран одличен успех, примерно поведение и одлични резултати во наставни и воннаставни активности.
Основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола е едно од најстарите училишта во нашиот град коешто постои и работи уште од шесеттите години на 19 век. Низ своето постоење од век и половина ѕидовите на ова учииште се неми сведоци на тоа што се случувало во него и поминало. А низ него поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествене дерјност ја задолжиле Битола.
Фото: Дамјана Ристевска