Екипата на Пелистер Волеј од Битола се сели во понизок ранг и од наредната година ќе игра во Втората државна лига на Македонија, по поразот во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште од екипата на Вардар ЕМ, во вториот натпревар во рамките на баражот.Екипата на Пелистер одигра лош натпревар тогаш кога беше најпотребно, а тоа значеше тежок пораз од 3:0 пред домашната публика која за нив направи одлична атмосфера на трибините.
Пелистер Волеј во Битола ред натпреварот имаше одличната предност од 3:1 минатата седмица, кога играше во гости, во Скопје, а за овој пораз и преселбата во понизок ранг на натпревари, тренерот Роберт Митковски рече:
-И покрај феноменалната публика не издржавме на сопствениот притисок, токму во последната битка пред самиот крај. Не дека немаше борба, не дека не се обидовме особено во финишот на третиот сет, но прикажаното беше далеку под можностите на оваа екипа. Ние не сме единствени на кои им се случува сето ова, тоа е спортот, такви се некогаш патиштата кога оставате се да се решава во последниот натпревар, па колку и да боли овој пораз, мора да научиме да живееме со него уште денес.
Пелистер Волеј искажа благодарност до сите оние кои не поддржуваа на нашиот пат сите овие сезони, особено до верната публика која по којзнае кој пат ни покажа дека Пелистер се сака и кога победува но и кога губи.
-За нас сезоната 2022/2023 само што започна. Пелистер не е клуб за само една сезона, имаме голем потенцијал, супер силен подмладок, а нашата порака е “се враќаме за брзо“, додаваат од Пелистер Волеј.

Обдбојкарките на Пелистер Волеј во плач и солзи по испаѓањето од Првата лига (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола
- Градоначалникот Коњановски на панел дискусија во Брисел
- СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка
- Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола
- Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 6 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Рутинска побена на Еурофарм Пелистер против Бутел во Скопје
- По тежок терен за игра Пелистер убедливо го победи Башкими во Битола
- Нова победа на Пелистер Волеј во Битола за зацвртување на првото место (фотогалерија)
- Вардар немоќен во Битола, кошаркарите на Пелистер постигнаа 116 поени, а можеа и повеќе (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер се жали во ЕХФ за судењето со ПИК Сегед во Битола!