Продолжија натпреварите во бокс Македонската лига, а последното коло се боксуваше во Тетово. Боксерскиот клуб Пелистер од Битола настапи со четворица боксери бидејќи дел од боксерите настаија во Косово, на меѓународен турнир каде одлично се претставија.
Во тешка категорија Александар Најдовски – Сканта од Битола победи со прекин во прва рунда. Исто така со прекин заврши и борбата на Рамон Казимов.-Не бевме комплетни во ова коло во Тетово, но јас сум задоволен од тоа како боксував јас и останатите. Сега сум сконцентрирани на престојниот турнир во Куманово, каде ме очекува силна конкуренција и борба за медал. Меморијалниот боксерски турнирот во Куманово се вика “Мирослав Петровиќ“, во чест на познатиот тренер и создавач на шампиони, а меѓу нив се и двете легенди од Македонија, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, кои се имаат закитено со олимиски медали, како боксери на југословенската репрезентација, вели Александар Најдовски – Сканта.
Турнирот во Куманово ќе биде доста силен, ќе трае три дена од 4 до 6 јуни л кога се и финалните борби.