Press "Enter" to skip to content

Гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола со низа активности го одбележа својот патронен празник (фотогалерија)

-Вистински Ден на младоста во дворот на Горната гимназија денес, 25 мај, а патронатот се одбележуваше  со музички бендови, солисти, промоција на училишниот весник “Нова Веда“ на ученици со ментор Никола Трајковски, изложба на фотографии “Гимназијата низ мојот објектив“ на Дамијана Ристевска и ментор Александар Поповски, ликовна изложба, дебата…

-Гимназијата “Јосип Броз Тито“ е една од најстарите образовни институции, со големо реноме и почит. Многу познати личности учеле тука, Стив Наумов, Елпида Караманди, Владо Малески, Коле Чашуле, Борислав Траиковски, Јован Калаузи, Кирил Лазаров, Каролина Гочева…  Денот на младоста 25 мај и Патронат на Горната Гимназија во Битола беше  одбележан со низа настани и активности кои започнаа уште минатата седмица во пресрет на патрониот празник. По овој повод, директорката Фанија Наумовска  ги поздрави присутните со почесен говор.-Денес го славиме нашиот Патронатот и Денот на младоста – 25 мај. Оваа година одбележуваме 77 години од кога  започна настава на македонски јазик во оваа гимназија. Нашиот патронен празник го одбележуваме на достоен начин со низа настани и активности кои започнаа минатата седмица  на 23.05 со спортски активносоти, изложба по германски јазик организирана од Goethe institute – Скопје насловена како „What the future wants“. Денес 25 мај  со овој настан на кој ќе учествуваат голем број наши ученици ќе  се промовира училишниот весник Веда. Потоа тука се две изложби кои го красат нашиот двор и присутните можат да ги видат. Тоа се  изложба на фотографии  на нашата ученичка Дамијана Ристевска од прва година “Гимназијата низ мојот објектив “. Може да ги видите и ликовните творби на нашите  ученици на ликовна изложба наоколу.На настанот училишниот весник „Веда“ беше промовиран од учениците кои учестуваа во неговото создавање и нивниот ментор Никола Трајковски.Александар Поповски наставник по ликовна уметност и ментор на ученичката Дамијана Ристевска за изложбата фотографии „Гимназијата низ мојот објектив“ кажа:-Дамијана Ристевска е  ученичка во прва година и уште на почетокот разгледувајќи ги нејзините цртежи  се забележуваше дека има уметничко око. Потоа дознав дека таа се занимава и со фотографија и го има оној уметнички сенс и перцепција  да забележи и најмали детали. Низ нејзините фотогрфафии Гимназијата добива сосема друга димензија Ова е нејзина прва излижба и и посакувам уште многу фотографии и изложби во иднина.Музичките бендови со солистите се претставија со различен репертоар народна музика, рок, поп и придонесоа со овој настан да се слави младоста.По повод 130 години работа на објектот како воспитно- образовна институција поставка на фотографиии  „Гимназијата низ годините“ исто така беше вклучена во Програмата по повод Патронатот.С.О.У “Јосип Броз Тито“ е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Низ клупите  поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествене деjност ја задолжиле Битола.Во оваа  Гимназија  со средно образование се здобиле 16 членови на Македонска академија на науките и уметностите меѓу кои Петре М. Андреевски, Томе Бошевски, Анте Поповски, Владо Камбовски, Круме Кепески, Ѓорѓи Чупона, Петар Серафимов, Љубен Лапе, Ристо Лозановски, Живко Попов, Димче Коцо, Александар Христов.Во иднина и други академици ќе произлезат од клупите на оваа образовна институција од Битола.Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »