Специјалистот ортопед доктор Александар Обедниковски е новиот директор на Клиничка болница во Битола, со решение на министерот за здравство, потврди Обениковски.
Обедниковски на функцијата директор доаша од Одделението за Ортопедија и трауматологија. Обедниковски медицински факултет заврши во Скопје во 2009 година, а потоа во 2014 година станува спацијалист по ортопедија, а во 2018 година субспецијализира трауматололгија. Во Клиничка болница е вработен во 2014 година, а во неговото си-ви се запишани и повеќе активности за доедукација, во Шведска, Грција, Франција…
Обедниковски за прв човек на Клиничка болница доаѓа наместо Билјана Гагачовска.