Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 13.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од Битола се 7.
До сега во Битола има 15.627 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 53 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 62 ковид тестови преку: ЦЈЗ Битола 52 и преку “Плодност“ 10.
Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 564.