Press "Enter" to skip to content

“Електро тиерс“ и “Oblo living – паметни куќи“ одржаа презентација на смарт системите, стамбената зграда “Шералти“ веќе ги применува (фото)

“Oblo living – паметни куќи“, компанија која е специјализирана во примената на “IoT“ технологија во поставување решенија за паметните куќи, заедно со Електро тиерс“  одржаа презентација на своите смарт системи  и начинот на користење на истите во секојдневното живеење.  Оваа реномирана компанија ги нуди најиновативните и најнапредните решенија и производи за Вашата паметна куќа.“Oblo“ припаѓаат на групата RK-RT, една од најголемите истражувачки куќи во Југоисточна Европа. “Oblo living“ комбинираат комплетни софтверски решенија за куќна автоматизација со интерно развиени уреди, за да се обезбеди безбедност, сигурност, енергетска ефикасност и други аспекти на брзорастечкиот пазар.Системот за домашна автоматизација овозможува координирано управување со сите уреди, лесно и едноставно , правејќи го живеењето значително поквалитетно, покомфорно и во крајна линија поекономично. За да бидат овие смарт системи достапни на македонскиот пазар, заслужни се нивните партнери, а наши докажани лидери на пазарот за електро материјали, “Електро тиерс“ Битола. Со своето 25 годишно искуство, оваа реномирана компанија и водечки бренд во својата бранша, ја препозна потребата од воведување на нов начин на фнкционирање на домот и овозможи напредок во поглед на информација и едукација за смарт системите, а со тоа и нивно понатамошно имплементирање во домувањето.Избирајќи одговорно свои соработници, “Електро тиерс“ во својата програма нуди и производи од реномираните“ Aling-Conel“ – Србија, покривајќи на тој начин се што е потребно за квалитетна изведба и безбедност на електричните инсталации во секој објект.мСледејќи ги најновите трендови во градежништвото , спојот на квалитетот и актуелниот пулс на новитетите, стамбена зграда “Шералти“ ги сублимира придобивките од најдобрите иновации и ја отвора можноста да бидат дел од неа.Инвеститорот на “Шералти“, Наташа Грамосли, е движечката сила и катализатор на процесот на воведување на новитетите во градежништвото во текот на целиот градежен процес на стамбениот објект. Во разговорот со неа, изјавува:-Затоа што од самиот почеток и зародишот на идеата за изградбата на “Шералти“ тежнееме кон квалитет, комфор, практичност и безбедност,  нашиот тим посветено и одговорно носи одлуки и склучува договори. Избраните соработници мора да нудат најдобри услуги, а нашите клиенти да се задоволни, и не случајно сме денес и тука заедно со “Oblo living“ i “Електро тиерс“. Посебно сум среќна и горда што оваа зграда ќе биде прва смарт зграда во Битола и со возбуда ги очекуваме искуствата од станарите кои избраа смарт системи за своите домови.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »