Press "Enter" to skip to content

Се огласи и “Левица“, и тие се сомневаат за упад во службените компјутери

“Левица“ од Битола се огласи по повод обвинувањата на советниците од СДСМ за, како рекоа, упадот во службените компјутери на советниците од Левица, и велат:

-Интегритетот на советниците на Општина Битола е тотално нарушен од страна на владеачката структура на ДПМНЕ и ПОИНАКУ. Постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица.  Транспарентноста кон граѓаните и работата во советот на Општина Битола од страна на советничката група на Левица е повеќе од јавна и со чиста мисла. Покрај сомнежите за обид на упад во службените компјутерски уреди и можни сценарија ни дава простор да бидеме посилни и уште повеќе сплотени во заедница со граѓаните.

Нашите идеи, предлози и иницијативи се секогаш помеѓу јавноста, и не сме засегнати од фактот дека сме мета и цел на одредени нарачатели на вакво дејствие. Со ова се докажува фактот дека постои страв од неспособноста на коалицијата помеѓу ДПМНЕ и ПОИНАКУ. Висок партиски функционер од Совет на Општина Битола се појавува на позадина на службен компјутер, сомнение за аматерски упад од аматери и читање на адреси и фајлови во службени уреди, иако овие уреди не се мрежно поврзани.

ПРАШАЊЕТО Е, КАКО Е МОЖНО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ ДА СЕ ПОЈАВИ СЛИКА НА ПОЗАДИНА ОД ВИСОК ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР ВО СОВЕТ НА ДПМНЕ НА ПОВЕЌЕ СЛУЖБЕНИ КОМПЈУТЕРИ, А НЕ СЕ МРЕЖНО ПОВРЗАНО. Некој нешто работел, ама погрешил. Оние кои ја постапувале стапицата, самите паднале во неа како неискусни администратори и аматерски нарачатели. Фактот кои тие ги пласираат дека пред одреден период “имало” ваков проблем со службените компјутери, не им е познат на никого. НАШАТА ЖЕЛБА ЗА ПОДОБАР ГРАД Е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНА И ЈАВНА, СЛОБОДНО ЧИТАЈТЕ И КОПИРАЈТЕ, БЕЛКИ ЌЕ НАУЧИТЕ.

More from ВестиMore posts in Вести »