Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски нов кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, во Битола останува три години

РК Еурофарм Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на нашиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.
31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.

Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23.

Претходно нашиот клуб ги доведе Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »