Како и беше претходно најавено со допис до Дан комисијата на џудо федерацијата на Македонија од страна на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД во Битола во салата за борешки вештини на Будо центарот Пелистер, се одржа церемонија за свечено доделување на мајсторски појаси, дан, степени, пред Дан комисијата од Македонија. Марјан Димески, кој долги години живее и работи во Њу Џерси, САД, активен џудо ветеран, ги донесе одлуките, Дан диломите и церемонијалните појаси за тројца македонски мајстори во џудо, а највредните беа за нашиот сограѓанин Ѓуро Илиќ, мајстор во боречки спортови, џудо, аикидо и реален аикидо.
-Посебно се радувам што во Македонија, во Битола, јас ја пренесувам одлуката на Американската џудо ранг асоцијација од Њујорк, САД за промовирање во џудо мајстор од повисок степен на Ѓуро Илиќ, кој сега добива 7 дан – џудо мајстор. Тоа е само уште едно признание, за тоа како што стои во одлуката, за посебен развој на светското џудо, рече Марјан Димески, про доделувањето на новите џудо степени.
Ова за брзо време е ново признание за Илиќ, трето по ред, по признинијата во Јапонија и Србија, за што рече:
-Добро е кога некој, некаде каде џудото и останатите боречки спортови се многу развиено, во Јапонија, Србија и САД го вреднува трудот и она што е вложено. Среќен сум што во Битола, во мојот клуб Пелистер, каде што славам јубилеј 50 години работа, го добивам ова за мене вредно признание, а посебно што ми го доделува Димески кој, кога беше тука, а и во САД го промовира македоското џудо. Што да кажам друго, продолжувам со работа, продолжувам да го пренесувам моето знаење како учител и тренер на младите генерации, со надеж дека по некое време некој други ќе ги добиваат овие меѓународни признанија, со данови и вакви важни одлуки.
Исто така, на церемонијата во Битола, на Марјан Димовски му беа доделени одлуката, дипломата и црниот појас.
Џудо федерацијата на Македонија има воспоставено соработката со Американска џудо-ранг асоцијација, а оваа година е најавена работна посета во Македонија.
Текст и фото: С. Ристевски