Press "Enter" to skip to content

Телеком продолжува да ја шири оптичката мрежа во Битола 

Македонски Телеком, како неприкосновен технолошки лидер, е посветен на целта да ги обезбедува најдобрите услуги преку врвна технологија и најдобра мрежна инфраструктура. За таа цел, компанијата континуирано инвестира во надградби на фиксната и мобилната мрежа на целата територија на Македонија.  

Битола е еден од градовите каде е во тек проширување и технолошка надградба на оптичката мрежа на Телеком, со што корисниците добиваат стабилна и доверлива мрежа, гигабитни симетрични брзини и можност за поврзување голем број на различни уреди без намалување на техничките перформанси. Новите локации, каде што екипите на Телеком работат на поставување оптичка мрежна инфраструктура, се реоните познати како  „Областа“ и „Довлеџик“.  

-Како никогаш претходно, глобалната дигитализација носи нови предизвици за операторите и неопходност да се овозможат ултра брзи, сигурни и стабилни комуникациски услуги. Досега, речиси 3.000 корисници во Битола имаа пристап до оптичката мрежа на Телеком, а со тековната надградба на терен, тој број двојно ќе се зголеми, изјави Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.Обезбедувањето врвно корисничко искуство за битолчани преку најдобра мрежна инфраструктура, како во фиксните така и во мобилните комуникации, претставува важен приоритет за компанијата на кој сме целосно посветени во партнерски однос со општината. Токму затоа, Битола беше една од првите општини каде мобилната мрежа беше надградена со опрема од најнова генерација. 

Паралелно со ширењето на 5G мрежата, Македонски Телеком ја шири и оптичката мрежа низ целата држава, на тој начин придонесувајќи кон побрза и целосна дигитализација на општеството. Компанијата започна со градење на оптичката мрежа во 2009 година, а до денес има обезбедено повеќе од 250.000 пристапни точки до оптика во Македонија. Оваа година, со инвестиции и работа на терен, компанијата ќе обезбеди уште 26.000 нови пристапни точки, а со тоа и можност за огромни брзини, доцнење на сигналот од помалку од 1 ms, стабилна и ултра квалитетна врска…

Продолжуваме да ја градиме најголемата и најдoбра оптичка мрежа во Македонија. Нема да запреме сѐ додека не ги поврземе сите.