ОУ “Даме Груев“ од Битола со 5 учениците од 9-то одделение, Анастасиа Иваноска, Иван Јовановски, Ива Крстева, Леонид Ташовски, Андреа Трајковска, под координација на наставниците Весна Дунимаглоска и Мирјана Тасевска, учествуваше на Еразмус проектот на тема “Колку е пријателски нашата локална средина?“ (How friendly is our local area?) на островото Лесвос во Грција.Во рамките на проектот освен учениците од нашето училиште учество зедоа и деца од Италија, Франција, Шпанија и Грција кои за време на престојот реализираа богата програма со бројни активности како што се презентирање на својата локална средина на дадената тема, учество во работилници за реставрација и конзервација, посета на музеи, резервати за птици, ветерници и животинска фарма, предавања од областа на геологијата, екологијата, биодиверзитетот и оддржливиот развој на ретките видови на флората и фауната.
Во рамките на проектот се реаизираа и други социјални активности кои беа поврзани со размена на културното наследство и традицијата на земјите учесници преку работилници за изучување на традиционални танци.
Проектот кој започна со престојот во Франција, продолжи во Грција следат и престоите на преостанатите земји учесници како и престојот во Битола кој е планиран да се реализира во месец мај 2023 година.

Ученици од “Даме Груев“ од Битола реализираа “Еразмус“ проект на островот Лесвос, Грција (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јавна панел дискусија со слоган “Заштити се! “ Зборувај гласно! (фото)
- “Музеите кои значат – Постојани музејски поставки и работа со посетители“ работилница во Завод и Музеј – Битола
- Одбележани 75 години национален парк “Пелистер“ (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Партизанска“ и други улици
- Во МНД Битола промовирана новата книга на проф. д-р Александар Литовски (фото)