“Некои луѓе не можат да веруваат во себе, додека некој друг не почне да верува во нив” – ни изјави Емил Тахоривски кој е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола.А ако зборуваме за шанси и за осмислување на лична кариера, тогаш Тахиривски е нашиот светол пример. Тој е продуцент и основач на “Studio Emil Riko“, компанија која веќе 12 години работи со снимање на аудио записи, а од пред 7 години е една од водечките видео продукции и во Македонија, а за наши иселеници и во странство.
Емил Тахировски некои ќе го препознаат и како битолскиот рапер која успешно влезе во најтесниот круг на некогаш популарната М2 продукција од која произлегоа многу музички ѕвезди. Музиката е сѐ уште главна во животот на Емил, па така тој е потпишан на бројни видео спотови за музички ѕвезди. Емил е исклучително талентиран млад човек. Текстописец е, има 63 авторски песни. Компонира музика во слободно време… а со Сашо од Паркети соработник е од првите денови на неговата кариера. Во 2012 година издаден е и негов музички албум Промоција на албум Рап Зокби во продукција на МКЦ.Во разговорот кој во правевме ни откри како една победа во средношколските денови го предодреди на успех. На средношколската “Масом олимпијада“ тој беше избран за најдобар хип-хоп и рапер во Македонија. Во своето богато продукциско портфолио, Емил има запишано и еден документарен филм посветен на селата Кишава и Острец. Неговата продукција е опремена со софистицирана опрема, која може да конкурира на продукции од светска класа. Има и комплетно опремено студио за едитирање. Затоа она што го прави е врвно и отсега е букиран за ангажмани до крајот на годината. Емил Тахоривски е и јутјубер, неговите канали имаат илјадници следачи и тој заработува од секој еден клик на YouTube.
Емил е и среќен семеен човек. Оженет е со Џенета, има две ќерки Азалеа и Алара. Од 25 година успеваат да изградат своја куќа и да станат независни од помош на семејството. Тахировски е дел од проектот “БАИР – Здружена акција на Битола“ за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола.
Проектот го доби своето име според населбата Баир, каде што живеат 95 отсто од ромската популација во општината. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата и ќе се спроведува до крајот на 2023 година. Проектот е развиен од COSV италијанска хуманитарна невладина организација во партнерство со ПРЕДА Плус фондација и Општина Битола, во соработка со Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженерство.
“Некои луѓе не можат да веруваат во себе, додека некој друг не почне да верува во нив” се неговите мотивирачки зборови во кампањата “ДАЈ МИ ШАНСА“ која ја објавуваме во продолженија на нашиот портал Битола Њуз.