Press "Enter" to skip to content

Се отворија и гимнастичките сали, во Битола натпревари од “А“ и “Б“ лигата (фотогалерија)

Денес и утре во салата за гиманстика во КСГ “Партизан“ во Битола се одржува натпевар во гимнастика на кој учествуваат клубовите “Соколи“ од Прилеп, “Орце Николов“ и “Ѓорче Петров“ од Скопје, “Атлета“ од Куманово е екипата на домаќинот, КСГ Партизан од Битола.Гимнастичарите на овој прв натпревар во Битола ги поздрави Димче Миновски во име на димаќините, а натпреварот за отворен го прогласи претседателот на Гимнастичката федерација на Македонија, Љупчо Арнаудов.-Ова е прв натпревар по пандемијата и ние како домаќини се пресреќни што гимнастичарите се вратоја во салите, каде и што им е местото, да се натреваруваат. Ова ќе биде најмасовно натпреварување  во Битола и очекувам околу 200 гимнастичари и гимнастичарки да се појават на натпреварите. Им посакувам успешни натпревари на сите и да уживаа во нашиот град за овие два дена. Во “А“ програма се натпреваруваат деца до 7 години (2015 и помлади), пионерки (2013-2014), постари пионерки (2011-2012), млади јуниорки (2009-2010), јуниорки (2007-2008)  и сениорки (2006 и постари).Во “Б“ програма се натпреваруваа пионерки (2013 и помлади), постари пионерки (2010-2012), јуниорки (2007-2009) и сениорки (2006 и постари).Според масовноста и подготвеноста на екипите се очекуваат неизвесни натпревари, а секако дека екипата од Битола очекува медали од своите гимнастичарки.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »