Press "Enter" to skip to content

Деканот на Правен, проф. д-р Горан Илиќ, на прослава на 30 години од формирањето на Центарот за Европа

Деканот на Правниот факултет – Кичево проф. д-р Горан Илиќ, на покана на директорот на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Полска, проф. д-р Камил Зајачковски, оствари работна посета на Варшава по повод прославата на 30 годишниот јубилеј од формирањето на Центарот за Европа каде покрај работниот дел, имаше и свое пригодно обраќање на свеченоста.На свеченоста свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот во Варшава проф. д-р Алојзи З. Новак.

Исто така, збор зедоа и еминентните професори од Универзитетот во Варшава како што се проф. д-р Дариус Милчарек, д-р Хана Мачинска и д-р Јан Јакуп Михалек, како и имногу други гости од Европа, пријатели на Центарот за Европа, од кои може да се издвојат проф. д-р Адријан-Габриел Корпаден од Романија, проф. д-р Маркијан Маалски од Украина, проф. д-р Лучијано Сегрето од Италија и др.За време на свеченоста од страна на директорот на Центарот за Европа беа доделени Благодарници на вработените на Центарот кои дале особен придонес во неговиот раст и развој во последните 30 години.

За време на работниот дел, деканот проф. д-р Горан Илиќ предложи конкретни решенија за продлабочување на соработката меѓу Правниот факултет и Центарот за Европа, посебно во делот на научно-истражувачката и проектна дејност, како основа за воспоставување на блиски, интензивни и цврсти врски меѓу Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола и Универзитетот во Варшава.Исто така, посебно внимание беше ставено и на дефинирањето и организацијата на активностите меѓу двете институции во делот на одржувањето на предавања и работилници со студентите од Правниот факултет и учеството на професорите од Центарот за Европа во спроведувањето на овие активности во втората половина од месецот јуни, како и оперативните и организациски подготовки на меѓународната научна конференција на тема: “Полска и Балканот во Европа: успеси и предизвици”, која ќе се одржи на 30 јуни 2022 во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »