Пелистер – Еуро Никел 91:83
Пелистер од Битола е вториот финалист во финалето во мак-баскетот и ќе се боро против екипата на МЗТ Скопје за титула, за прв пат во клубската историја, по победата над екипата на Еуро Никел во мајсторката, третиот натпревар, кој се одигра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, пред околу 1.500 љубители на кошарката. Двата полуфиналисти имаа свои минути, последната четвртина Пелистер покажа одлична игра, предводен од Марјан Илиевски.Екипата на Пелистер ја доби првата четвртина со 26:20, а претходно се играше рамноправно без некоја резултатска предност. Во втотата четвртина екипата на Еуро Никел имаше два поени разлика, а на одмор се отиде со + 4 за Пелистер (42:38).
Третата четвртина беше резултатски во знак на кавадарчани, кои имаа 20:26, а во последната одлучувачка четвртина се влезе со резултат 62:64, односно, 2 поени предност за Еуро Никел.
Последната четвртина во првите 7 минути Пелистер имаше +8, (74:66), а на 3 минути пред крајот, одново стигнаа на само два поени негатива (77:75). Потоа на минута и пол следуваше тројка на Младеновиќ за високи шест поени предност на Пелистер, (86:80), а победата со забивање ја потврди Кесар, кој постави недостижни (89:80), за голема радост на битолчани за првото финале за шампионска титула на Пелистер.
Најрфикасен кај Пелистер 25 поени беше Кесар, Малешевиќ додаде 17, Стајиќ 14, а Крстајиќ уште 10 поени.
Претходно, екипата на МЗТ Скопје Аеродром стана прв финалист во Плеј-оф конкуренцијата. откако со максимални (2:0) ја затвори полуфиналната серија против екипата на ТФТ од Скопје.
Првиот меч од финалето на Плеј-офот, ќе се игра на 3 јуни (петок), на теренот на подобро пласираната екипа во регуларниот дел од сезоната – МЗТ Скопје Аеродром.