Во организација на “Global Fashion Progress“ викендов се одржа Интернационелен куп во Драч, Албанија, на кој покрај нашите фризери учествуваа и фризери од Италија, Вечика Британија, Полска, Турција, Албанија, Косово.Македонските фризери освоија 2 пехари, Сашо Анчевски во дисциплина “Hair tatto“ освои 3 место и Арбнор Шабани во дисциплина женски перформан освои прво место.
Исто така посебна плакета, благодарница за долгогодишното залагање за напредокот на фризерската дејност во Европа доби и претседателот на македонската фризерска асоцијација којсто воедно е и претседател на “Fashion Global Progress“ за Македонија, нашиот сограѓанин Димче Ивановски-Кармен, кој вели дека му е посебна чест за тоа позитивно е оценето неговото залагање за развој на фризерската асоцојација, но дека ушто повече го радува тоа што македонската делегација одлично се претстави и дека македонските фризери добија поединечни признанија.
Сашо Анчевски – Сале е млад амбициозен и креативен уметник и фризер вработен во популарното “Бубе Студио Ин“. Фризерскиот свет го гледа како поле на кое може да ја изрази својата креативност преку несекојдневни стилови на фризури. Омилена му е колористиката, кратките фризури и #hairtattoo преку кои е и претпознатлив и повеќепати награден како хаирартист во и надвор од Македонија. Овој млад фризер заблеска со злато и на Global Fashion Progress Интернационалниот куп кој ке одржа во Албанија бранејки ги нашите национални бои во конкуренција со светските фризери . Тој се натпреваруваше во hairtattoo категоријата која е вистински предизвик бидејки со машинка и брич треба да нацрташ шаблон/слика ,а Сале тоа го направи да изгледа перфектно и покажа дека светскиот тренд и македонските фризери го практикуваат.
Арбнор Шабани е техничар по шишање конкретно “Creative Haircut” каде што неговиот занает го работи во нај престижното студио Бубе Ин. Шабани има 21 година кој е попрофесионален за својата возраст бидејќи неговите ангажмани биле многубројни на натпревари и семинари на светски фризерски брендови a има работно искуство и во Австрија. Целта на Арбнор е да стане Меѓународен едукатор во гранката каде што е стручен “Creative Haircut”.
-Pаботи кои не можам да ги изразам со зборови ги изразувам со фантазијата што ја создавам во коса,вели Aрбнор Шабани.

“Global Fashion Progress“ плакета за Димче Ивановски-Кармен, претседател на “Fashion Global Progress“ за Македонија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)
- “Берза на винили“ во рамките на “Битола отворен град“ (фотогалерија)
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)