Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 од Битола, вчера и официјално ја завршија оваа ракометна сезона, а на заедничкиот ручек во ресторанот “Белведере“ во Битола, со сите ракометари од двете екипи, тренерите и сите кои се дел од тимот на Еурофарм Пелистер им се обрати претседателот на клубот проф. д-р Зоран Стерјев.
Стерјев се осврна на тоа како тој ги оценува резултатите на двете екипи, за можноста за титулите да дојдат во Битола, а посебно им се обрати на ракометарите од двете екипи кои заминуваат од клубот.-Помина и оваа сезона во која имавме порази кои болеа, но имавме и среќни моменти кои беа повеќе. Оваа генерација од Еурофарм Пелистер имаше голема шанса која што покрај едниот трофеј кој после долги години го вративме во Битола, но не усеавме да вратиме барем уште еден трофеј. Имавме квалитет и имавме можности, но нешто друго недостогаше, што можеби сите заедно не го направивме да успееме и во тоа. Меѓутоа останува неспорен фактот дека после долго време Еурофарм Пелистер полни сали секаде каде настапува, во Битола, во Скопје, Белград, Франција, Швајцарија… каде гостува. Тое е еден знак дека работите одат во нагорна линина, во добар правец, како клуб но и како индивидуи мора да бидеме поуспешни.
-Еурофарм Пелистер 2 ги надмина очекувањата кои што секој од нас ги имаше на почетокот со пласман прво вои плеј оф, а потоа и обезбедување место во Европа, целосно заслужено. Цела сезона одигравте машки, борбено, на високо ниво, и на сите им докажавте дека го заслужувате тоа место, а тоа е нешто што создава посебна гордост, Денес ставаме крај на една натпреварувачка сезона, иако за нас како клуб се уште сезоната не е завршена, затоа што имаме две екипи кои што се натпреваруваат во “фајнл фор“ во наредните викенди во младински категории. Се надевам дека уште од пионери ќе се навикнат да бидат присутни на финалињата, рече Стерјев за втората екипа на Еурофарм Пелистер.-За жал спортските патишта и професоналните патишта налагаат дека не може секогаш да останеме заедно, денес со некој од играчите ќе се разделиме, секој си оди по својот пат, оние кои заминуваат, но и оние кои остануваат во клубот. Јас на сите вас кои што сте овде ви благодарам на целата пожтвуваност, на се што направивте, за овој клуб. Се надевам дека впечатоците се позитивни од Битола, се надавам дека и ние како Управа ги оправдавме очекувањата. Сакам да подвлечам дека сите вие сте дел од семејството на Еурофарм Пелистер и секогаш така ќе остане. И вратите на овој клуб се секој од вас ќе бидат отворени во секој момент кога ќе дојдете во нашиот град и да бидете дел од нашето секојдневие, и ќе бидете дел од она што тогаш ќе се случува во клубот, бидејќи виие сте дел од ракометната осторија на клубот, им порача Стерјев на ракометарите кои го заминуваат од Битола на крајот на оваа сезона и додаде:
-Успеавме сите заедно барем за едно скалило да го подигнеме квалитетот на ракометот во напиот град, за што сите сте подеднакво заслужни. Со сите кои денес само формално ќе разделиме, затоа што сметам дека немаме причина освен формално да се разделиме, а немаме причина да не разговараме и соработуваме во иднина и да се видиме. порази кои болеа, но имавме и среќни моменти кои беа повеќе. Ви посакувам многу здравје, како и на сите кои останувате, многу спортски успеси, многу професонални успеси. Јас секогаш кажувам успесите се убави за да уживаме во нив, а ако тоа не се класифицира како успех од тоа треба да го претвориме во успех.
С. Ристевски