Универзитетското студентско собрание на УКЛО и претседателката Симона Наумовска во име на сите студенти јавно упати голема благодарност до досегашниот Проректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски” проф. д-р Марјан Ѓуровски за соработката, поддршката која ја имале и заедничките постигнати успешни резултати во потикнување на студентскиот активизам за време на изминатите три години со повеќе заеднички активности со Универзитетското студенско собрание, Универзитетскиот студентски правобранител и Студентските собранија на единиците на Универзитетот.
Претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКЛО Наумовска посебно нагласи дека преку заедничка соработка на Проректорот Марјан Ѓуровски и односот со Универзитетското студенско собрание на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ -Битола постигнавме видливи резултати и реализиравме повеќе заеднички активности и проекти.