Press "Enter" to skip to content

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во посета на Битола (фото)

Денес во Битола престојува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој заедно во пратеничките во Македонскиот парламент Огла Лозановски и Силвана Ангелевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, советници, директори на јавни претријатија посетија неколку локации каде се во тек градежни работи.При посетата на улицата “Долвеџик“ каде се во тек завршните градежни работи, Мицковски, рече:-Денес сме во Битола да видиме како се реализира она што беше ветувано во текот на кампањата за локалните избори. Градоначаникот кажа се што е сработено во изминатата половина година откако е на оваа фунција. Резултатите се импресивни и ја косристам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим и да посакам така да продолжи и да биде за степен поуспешен, бидејќи пред нас се предвремените парламентарни избори, каде поворно ќе ја бараме довербата од битолчани, и ќе кажеме дека не сме сите исти.  Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне да победува!Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски рече:-Повод на денешната посета на претседателот е увид во градежните работи на дел од проектите кои се завршени, ревитализации на улици, инфраструктурни проекти пред се. Дел се она што го работиме во моментот, а дел се нашите планови кои треба да ги завршиме до крајот на идната година. Се наоѓаме на влезот, кој сега е нов, современ од Охрид за Битола, а се работи за потег од 6оо метри, улицата е работена во три етапи, две од доаѓањето на оваа локална власт, и сега имаме коловоз од 11 метри, наместо што имавме 8 метри. Останува мостот на Драгор во вредоност од 50 милиони денари, инвестиција на ТАВ, кој треба скоро да отпочне, а тука ќе има и девијација на мостот, која што не беше предвидена од нашите претходници, за граѓаните моѓат додека се гради мостот да ја преминуваат реката. Мостот ќе има 30 метри, а ширина 21 метар, а со тоа ќе се добие нов современ влез. Досега се завршени 5 улици во должина од 8 километри.