Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени тројца дилери од Битола, кај нив пронајдена дрога 

На 02.06.2022 на ул.„Кочо Рацин” во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишиле од слобода три лица, на возраст од 18 и 20 години и еден малолетник, сите од Битола, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени и одземени  четири најлонски ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.