Кошаркарите на Пелистер од Битола денес на пладне се дружеа со битолчани на Широк Сокак, каде заедно со дел од Управата и навивачите го најавија утрешниот втор натпревар од финалето за шампионска титула кој ќе се игра утре во спортската сала “Младост“ во Битола, со почеток во 18,30 часот.Тренерот Марјан Илиевски рече дека во тимот има одлична атмосфера и очекува и утре во салата да има рекорден број публика, а играчите се подговени да го дадат својот максимум.
Потоа тренерите, кошаркарите, дел од Управата и навивачите се вклопија во пладневната кафе шема во Битола, испија кафе во “Пајтон“, а коко некој рече започнале да се однесуваат како битолчани, бидејќи сите се по една година во Битола, а некои и повеќе.
КК Пелистер постави и свој штанд на Широк Сокак и на битолчани им подели неколку илјади флаери, за кои некои рекоа дека ќе ги чуваат како потсетување на денот кога КК Пелистер ги играше првото финале за титула во македонската кошарка.
С.Р.