Press "Enter" to skip to content

Во Битола за три дена 8 нови позитивни на ковид-19, оздравени 19, активни 38 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022), направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 8.

Регистрирани сe 164 оздравени пациенти од Битола се 19.

До сега во Битола има 15.686 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 38 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. 

Направени се во Битола за три дена 60 тестови преку ЦЈЗ Битола 48 и “Плодност“ 12.

Досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475.

More from ВестиMore posts in Вести »