На 04.06.2022 полициски службеници од полициската станица Битола лишиле од слобода 37 годишна жена од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола, бидејќи истата со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава.
На 06.06.2022 од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода три лица на возраст од 24, 24 и 25 сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.
На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола на ул.„Павел Шатев“ во Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 19 и 34 од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.
На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишиле од слобода 34 годишни лице од Ресен и 32 лице од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.