Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен разбојник во Битола, кај него пронајден дел од украденото и ќе биде вратено на сопственикот 

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28.12.2021 на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола со закана со остар предмет од Љ.Н. (20) од Битола му одзел личен накит. 

Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

More from ВестиMore posts in Вести »