-НТБ го доби наградите за режија, женска епизодна улога, епизодна машка улога, за костимографија и за музика.
Народен театар од Битола успешно се претстави на 56. по ред фестивал “Војдан Чернодрибски“ кој се одржа во Прилеп, а од таму се враќа во вкупно пет награди, со што, како велат од НТБ, уште еднаш покажаеле и докажале зошто Битолски театар е еден од водечките театари во нашата држава.
Во одлуката на стручното жири, во состав Љупчо Ѓорѓиевски, Бесфорт Идризи и Сотир Трајковски, за наградите кои патуваат во Битола се вели:-Награда за режија се доделува на режисерот Кедрим Ријани за претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.
-Награда за женска епизодна улога се доделува на Викторија Степановска, за улогите во претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.
-Награда за епизодна машка улога “Димче Трајковски“ се доделува на Никола Пројчевски за улогите во претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.
-Награда за костимографија се доделува на Благој Мицевски за костимите во претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.
-Награда за музика се доделува на Тимор Доми во претставата “Артуро Уи“ во изведба на Народен театар од Битола.