На 09.06.2022 во СВР Битола, К.С. (22) од Битола пријавила дека пред хостел во Битола била физички нападната со остар предмет. Според пријавеното, после тоа тој со патничко возило удрил две лица кои биле присутни на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.06.2022, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 58 и 29 години од село Кравари, битолско, затоа што претходно на ул. „Филип Втори Македонски“, по вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.06.2022 во СВР Битола, 50-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот малолетен син агресивно се однесувал кој неа и физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.06.2022 во СВР Битола, Х.М. од Битола пријавила дека на ул. „Св.Нектариј Битолски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 08.06.2022 во СВР Битола, Ш.К. (55) од Битола пријавил дека на ул. „Глигор Прличев“ во Битола бил каснат од куче скитник.