Денес со почеток во 18,3о часот ќе се одигра четвртиот по ред кошаркарски натпревар помеѓу финалистите Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“.
За овој натпревар од финалната серија на домашното првенство, односно продажбата на картите за денешниот финален натпревар, КК Пелистер соопшти дека влезниците, поради голема заинтересираност, ќе започнат со продажба, денес, од 15 часот, пред спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, поради голема заинтересираност да се избегнат дополнителни гужви.