Press "Enter" to skip to content

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по завршувањето на сезоната: лани трети, годинава втори, зошто не, в година први

Екипата на Пелистер синоќа во Битола, ја спушти завесата на оваа кошарска сезона со одигрувањето на четвртиот натпревар од финалната серија против МЗТ, во која аеродромци ја освоија 9. титула, а “пелистерци“ за завршија најуспешната сезона во историја на кошарката во Битола.

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по поразот во четвртион натпреавр во Битола, им честита на МЗТ, а потоа изјави:

-МЗТ сосема заслужено дојде до победата, а имаа квалитетната ротација и подолгата клупа, што беше пресудно за освојувањето на титулата. Без оглед на крајот на оваа серија, за мене, моите играчи сосема заслужено до тука. Горди сме на сработеното, особено со проблемите кои ги имавме, а истуркавме до финале, со желба и љубов кон клубот. Покажавме дека знаеме како треба да ги браниме боите на Пелистер и создадовме симпатија во градот меѓу публиката, а нивното присуство е наш најголем трофеј, а за тоа како понатаму Илиевски додаде:

-Ако одиме редоследно, минатата година завршивме трети, оваа втори, зошто не идната први. Сепак, тука влијаат повеќе фактори, ќе зависи од политиката на клубот и како се гледа на иднината. Ние како спортисти сакаме да се натпреваруваме со квалитетни екипи, да бидеме први, ние тоа го посакуваме на спортски план, но конечната одлука ја носи друг. Сакаме да излеземе на меѓународна сцена и тоа е предизвик за нас. Гледајќи како реагираше градот и публиката, а заедно и ние со нив, жално би било да нема таква можност за сите да се радуваме.