На 14.06.2022 во 23.40 часот на ул.„Павел Шатев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 14.06.2022 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Ружа Делчева“ во Битола, мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот 70 годишен пешак од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.
На 14.06.2022 во СВР Битола, 44-годишна жена од Битола пријавила дека на работното место во јавно претпријатие во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.06.2022 во СВР Битола, 32-годишна жена од битолско село пријавила дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.