Press "Enter" to skip to content

Гала концерт на 5. Меѓународен фестивал по кларинет и саксофон во Офицерски во Битола (фото)

Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа Гала концерт по повод прослава на јубилејниот 5. Меѓународен фестивал по кларинет и саксофон на Камерниот битолски оркестар и нивните гости.На “СаксКлар 2022“ настапија светски реномираните Статис Мавроматис (Грција) – саксофон и Давор Реба (Хрватска) – кларинет, заедно со Камерниот Оркестар на Битола.Организатор на вечерашниот настан беше реномираниот битолски саксофонист Горан Трајковски, а настапија и Нинослав Димов на саксофон, како и кларинетистите Стојан Димов и Спире Јовановски.Диригент на Камерниот битолски оркестар Владимир Димовски, а на програмата беа изведени дела од Mozart, Бранѓолица, Debussy, Crepin и др.

More from КултураMore posts in Култура »