-Завршени се сите подготовки за планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во Битола, вели директорот на оваа супер интересна трка, Ненад Лазиќ, и додава:-Тука, во Битола, на местото каде ќе биде стартот на најинтересната трка на 104 километри, одбројуваме часови, а не само ние кои сме вклучени во организацијата, часови одбројуваат и ги завршуваат подготовките најдобрите тркачи, кои веќе се во Битола.
На платото кај ОФицерски дом во Битола веќе пристигнаа топ тркачите на 104 километри, ги подигнаа стартните броеви и опремата за следење, а директорот им го објаснува поединостите за полесно поминување на патеката.
Тука на терен се волонтерите кои им помагаат на натпреварувачите околу сместувањето, подигнување на стартнире броеви, и им одговараат на секое прашање.
На “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе има тркачи од 20 држави, што нас не изненади и е големо признание како организатори. Патеката е одлично подготвена, а посебно за ноќно трчање, што е посебен ризик и бара многу подготовка.
Текст и фото: С.Ристевски