Press "Enter" to skip to content

Антонио Каранфиловски победник на трката од 104 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)

Победник на ултра маратонската трка, на 104 километри, која стартуваше синоќа во 23 часот во Битола, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во организација на истоименото здружение од Битола, е Антонио Каранафилоски од Прилеп кој ја истрча патеката за 15 часа и 56 минути, второпласиран е Уран Ахмети од Косово со време 16 часа и 10 минути, а третопласиран е Елдин Хоџиќ со време 17 часа и 13 минути. Антонио Каранфилоски по пристигнување на целта во зимско летниот центар “Нижеполе“ за “Вitolanews“ изјави:-Тешка патека во секој поглед, а најтешко беше ноќеска на потегот од Неолица до “Ловечка куќа“ бидејки се движевме низ магла, односно облаци. Потоа беше релативно полесно и еве среќен сум што сум првопласиран на оваа ултра трка. Патеката ја имав и претходно поминато и мислев дека ќе ја поминав за 16 часа, но според она што е официјално време имам подобро време од предвиденото, што е успех за мене. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на организаторите на овој ултра маратон.Второ пласираниот, Уран Ахмети, од Косово по завршувањето на трката за “Вitolanews“ рече:-Ова не е ултра трка, ова повеќе од тоа, бидејќи патеката е претешка за трчање. Мислам дека оваа патека треба да се класифицира во топ ултра матарони, со оглед на тежината и релјефот по кој се трка и по висинката разлика од 6.300 метри која треба да се совлада.Фаворитот пред маратонот, Елдин Хоџиќ, трката ја заврши на трето место, а за “Вitolanews“ рече:-Беше тешко да се помине патеката, во овие 104 колометри. Ноќеска имаше лоша видливост, а посебно беше тешко да се движиме поради ладното време. За жал имам и мала повреда која ја здобив при пад на камена патека, и ми се порамети движењето и затоа имам задоцнување. Сакам да напоменем дека имав одличен прием од сите во Битола, и повторно ќе бидам дел од оваа трка.На 104 километри во женска категорија има само една маратонка, тоа е Сандра Ганглов од Франција која се очекува патеката да ја помине за повеќе од 20 часа.На 47 километри во женска конкуренција победник е Ева Хамар од Унгарија со време 8 часа и 5 минути, второпласирана е Наиле Серефај од Косово со време од 8 часа и 10 минути, а на трето место е Анастасија Чаци од Грција со време 8 часа и 44 минути.Во машка конкуренција на 47 километри победник е Флоријан Спанагел од Франција со време 5 часа и 50 минути, второпласиран е Алекандар Милевски од Македонија со време 5 часа и 58 минути, а на трето место е Александар Војневски од Македонија со време 6 часа и 15 минути.На 20 километри жени најдобра е Елена Ртовска од Македонија со време 2 часа и 12 минути, второпласирана е Алекс Мулер од Франција со време 2 часа и 13 минути, а на трето место е Марија Пеликон од Македонија со време 2 часа и 28 минути.Во машка конкуренција на 20 километри најдобар е Михаил Ван Бален од Белгија со време 1 час и 57 минути, второпласиран е Тео Флеурент од Франција со време 1 час и 58 минути и на трето место е Златко Николов од Македонија со време од 2 часа.Настанот на “Нижеполе“ и прогласувањето на победниците помина во одлична организација во секој поглед, а беше организиран како и на сите големи ултра маратони во светот, а присутние имаа причика да се дружат и забавуваат со водителот Марко, музички групи и ди-џеи.

Текст и фото: С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »