Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: ехо на тиреоидитис на Хашимото

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на Tиреоидитис на Хашимото, за што вели:-Tиреоидитис на Хашимото именуван по јапонскиот доктор кој ја опишува за прв пат во 1910 година претставува автоимуно заболување кај кое се создаваат антитела од сопствениот организам кон тироидната жлезда која ја уништуваат со тек на време. Лабораториски потврда на заболувањето имаме со пораст на TSH пад на FT4 како и пораст на AT-TPO.Со ехо на тироидна жлезда најчесто има фокална зголеменост на лобуси со присуство на хипоехогени ситни лимфоцитни инфилтрати како “швајцарско сирење“ за да потоа завршниот дел од болеста се карактеризира со атрофија на тироидната жлезда и хипотироидизам губење на функцијата кога е потребно воведување на тироидни хормони во третман на болеста.

Често е потребно скрининг и за други автоимуни заболувања кои се јавуваат придружни на оваа бокест како инсулинзависен дијабетес, адисонова болест, витилиго итн.